Спасовски: Како Горан Грујевски зема цела плата кога е на боледување?

by Фокус 15:43
15:43

Ако началникот на петтата управа Горан Грујевски, кој е под истрага на Специјалното јавно обвинителство, навистина е болен, како што го брани министерот за внатрешни работи Митко Чавков, како тогаш прима цела плата, праша генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој приложи и доказ од Управата за јавни приходи.

-Ова упатува на тоа дека Грујевски не е на боледување, а министерот Чавков лаже. Доколку е така, Чавков влегол во сериозно дело попречување правна постапка против осомничен за сериозно кривично дело, скандал со нелегално прислушување.
Барам од надлежните институции да проверат дали министерот за внатрешни работи Чавков ја злоупотребува својата службена положба и го крие Грујевски. Ако е така институциите мора да преземат соодветни мерки против Чавков – порача Спасовски.

Според него, ниеден граѓанин не зема цела плата додека е на боледување, но од МВР возвратија дека вработените во полицијата земаат цела плата и кога се на боледување.

Поврзани новости