По повикот на Ердоган, турски граѓани жестоко ги нападнаа пучистите

by Фокус

Разбеснетата толпа жестоко им се одмазди на војниците кои беа поставени од страна на нивните генерали да ги запоседнат дел од клучните локации во Истанбул и во Турција.

turcija 4

Повеќе од 190 лица, како војници, така и цивили и полицајци загинаа во синоќешниот обид за воен удар во Турција, организиран од дел од воените заповедници во земјата, кои им наредија на воените единици кои се под нивна команда да излезат на улиците и да ја преземат контролата врз земјата.

turcija vojnik

Сепак, после цела бурна ноќ, информациите се дека обидот за удар во Турција не успеа, а низ земјата масовно се случуваат апсења на лица кои биле инволвирани во пучот. Според досегашните информации, уапсени се повеќе од 3.000 лица на вооружените сили на Турција.

mrtov vojnik

Властите во земјата истакнаа дека тие ја имаат контролата врз земјата и дека обидот за удар не успеал, што е благодарение на големиот број турски граѓани кои, после повикот упатен од претседателот Реџеп Таип Ердоган, излегоа на улиците и ѝ се спротивставија на војската. Во некои случаи имаше ситации кога војската почна да пука и врз цивилите, но претежно престрелките се одвиваа меѓу војската и полициските сили, кои му останаа верни на Ердоган.

turcija 2 turcija 3 turcija 5

Турскиот премиер Бинали Јилдирим упати апел до граѓаните вечер да излезат на плоштадите низ земјата, поради опасност од нов државен удар.

Поврзани новости