Спасовски: Истражуваме и за личните карти и за расипаниот АФИС

by Фокус 12:44
12:44

При посетата на Гевгелија за лично да се увери во состојбата на македонско- грчката граница и да ги псоети повредените полицајци кои настрадаа од камењата на мигрантите, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговори и на новинарско прашање околу фалсификуваните лични карти и околу АФИС системот кој не функционира 14 месеци, што само по себе е скандал.

-14 месеци не работи АФИС системот и не можат да се проверат линиите од отисоците на прсти. Истрагата повеќе години не се реализирала. Тоа е сериозно нарушување на безбедноста, да не можете да проверите луѓе кои направиле кривични дела или учествувале во нелегани активности. За ова, за фалсификатот лични карти, работиме со професионалците во МВР на квалитетни истраги што ќе ги решаваат проблемите на граѓаните, а нема да создаваат нови, никој нема потреба да не повикува ниту мене ниту МВР, тоа ќе се случи во интерес на граѓаните на Македонија – изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при вчерашната посета на границата со Грција и повредените полицајци.

- Advertisements -

Поврзани новости