СДСМ: Пропадна индустриската зона во Крушево, младите масовно заминуваат

by Фокус

Уште една потврда за виртуелните инвестиции на Никола Груевски е ветената индустриската зона Опаленик, близу Крушево, којашто со години е само празна ливада, соопштија од СДСМ.

Според нив, ветената индустриска зона Опаленик, уште пред седум години, требаше да биде изградена во близина на патот Крушево-Прилеп, кај селото Алданци.  Наместо индустриска зона, со години стои празна ливада како симбол на лажните, виртуелни инвестиции на Никола Груевски.

Најавата за наводна руска инвестиција во фабрика за производство на доматно пире во Крушево остана уште едно виртуелно ветување на Груевски, смета опозициската СДСМ. Во нивното соопштение се наведува:

-Во 21 век се уште граѓаните на Крушево се соочуваат и со проблеми во водоснабдувањето.  Младите масовно се иселуваат од Крушево. Според последните податоци од Државниот завод за статистика од Крушево, до 2014 година, се отселиле околу 3.500 жители, најголем број млади. Податоците од релевантните истражувања покажуваат дека и во Крушево, како и во други градови во Македонија, има висока смртност на новороденчињата, над 18 мртви бебиња на 1.000 живородени.

Додека граѓаните осиромашуваа, додека се зголемуваше невработеноста, Никола Груевски во изминатите десет години мислеше само на провизиите, тендерите, парцелите на Водно, на мерцедесот од 600 илјади евра, на очилата од 60 илјади долари… Корупцијата во врвот на власта во изминатите години изеде безброј работни места, запушти многу населени места.

Поврзани новости