Мемети: Попречен сум да го истражувам прислушувањето

by Фокус

Народниот правобранител  уште пред скоро девет месеци започна постапка поврзана со опозициските бомби, но во интервјуто за Радио Слободна Европа вели дека сега е во фаза во која за попречувањето се обратил до Владата и до Собранието.

-Инсистирам на одговор од страна на Владата и Министерството за внатрешни работи за сите тие клучни прашања што ги поставив уште тогаш, затоа што тие се должни тоа да го направат. Не е во ред да игнорираат. Тоа е проблем на функционирањето на институциите во Република Македонија. Тие кои треба да ги спроведуваат законите не го правеле тоа, а формирањето на Специјалното јавно обвинителство доволно говорело колкава е волјата на институциите да се справат со проблемите. Овде не е во прашање Иџет Мемети, во прашање е институцијата Народен правобранител, во прашање е функционирањето на правниот систем во Република Македонија кој очигледно не ни функционира како што треба“, вели Мемети во интервјуто.

Поврзани новости