Спасовски и Ременски се уште се министри

by fokus

Оливер Спасовски и Фросина Ташевска-Ременски сè уште се министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика и категорично негираат дека биле разрешени. Тие денеска за „Мета“ потврдија дека се на работа во ресорните министерства и велат дека таму и ќе останат сè додека Државната изборна комисија не ги објави конечните резултати од изборите.

Оливер Спасовски за „Мета“ вели дека откако ДИК ќе одлучи по приговорите и ќе ги соопшти конечните резултати, ќе заврши и неговиот мандат.

-Како може влада да нè разреши кога Собрание нè назначило? Јас сум на работа и ја извршувам министерската функција. Законот јасно кажува дека нашиот мандат престанува кога ќе бидат конечни резултатите од изборите. Кога ДИК ќе одлучи по сите 16 поднесени приговори, кога ќе заврши целата процедура, тогаш барајте нов министер – вели Спасовски.

На иста линија со Спасовски е и неговата колешка, министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, која вели дека редовно си ги извршува обврските во министерството.

Поврзани новости