Бејли: Демократските избори вклучуваат и преглед на приговорите

by fokus 12:39
12:39

Америкаснкиот амбасадор Џес Бејли денеска ги деманитраше пишувањата на провладините медиуми дека тој се мешал во работата на ДИК, но и потсети дека демократскиот изборен процес вклучува и преглед на приговори.

-Со загриженост го забележуваме ова неточно известување, кое тврди дека американски амбасадор се меша во работата на Државната изборна комисија. Ова не е време за објавување на лажни вести или заговори. Амбасадорот на САД не се сретна со претставници на ДИК, не ја посетил Државната изборна комисија, ниту пак интервенирал кај некој од членовите на ДИК. САД ги поддржува правата на граѓаните на Република Македонија во демократски процес кој е отворен, транспарентен и одговорен. Ова вклучува и преглед на жалби и приговори, во согласност со македонските закони, се вели во соопштението од американската амбасада.

- Advertisements -

Поврзани новости