557
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во синоќешното гостување на Телевизија 24, оптимистички истакна дека кога-тогаш бегалецот Никола Груевски ќе биде вратен во државата.
– Никола Груевски кога-тогаш ќе го вратиме во Република Северна Македонија и ќе мора да одговара за сите злодела и криминали кои ги направил. Гледате дека сега има истрага во делот од 27 април, и очекувам дека сите прашања ќе ги засегнат не само граѓаните на нашата држава, туку и европските граѓани, бидејќи правилото на борба против корупцијата и криминал е правило број 1 во европските интеграции. Секој еден, на крај или на почеток ако сакате, ќе има одговорност, па и Никола Груевски, посочи Спасовски.