621
Никола Груевски и Али Ахмети треба да одговараат за геноцид, истакна генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски вчера пред прилепчани кои во голем број излегоа за да и дадат поддршка на Шарената револуција во борбата против аболицијата на криминалците од власта.
– Без правда нема живот, во овие 10 години не само што ни ја зедоа слободата и демократијата туку ни ја земаа и иднината.Окупирани се институциите, затоа е време сите заедно да се избориме и да се ослободиме од фамилијата, од оние што крадат од овој напатен народ 10 години – рече Спасовски.