СДСМ: Ништо нема да му помогне на Груевски, најмалку лагите на медиумските курири

by Fokus 10:19
10:19

Лажниот патриотизам на Никола Груевски, како и секојдневните спинови и манипулации на медиумските курири се параван за прикривање на неговите криминални активности, реагираа од опозицискиот СДСМ.

Според нив, Груевски и медиумските курири, платени со пари на граѓаните, водат хајки против борците за демократија, невладините организации и граѓаните што секојдневно протестираат, ама затоа молчеле за оние од ВМРО-ДПМНЕ кои што биле дел од СОРОС како Илија Димовски, Ѓорге Иванов, Антонио Милошовски, Ратко Димитровски. 

- Advertising -

-Идентично е и со потврдениот лажен патриотизам на Никола Груевски. Лицемерниот Груевски води лажни кампањи за наводен патриотизам а граѓаните, преку Вистината за Македонија дознаа дека токму Никола Груевски се пазарел за промена на уставното име, Република Македонија. “Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра. Затоа медиумските курири се вистински платеници коишто се ставаат во заштита на криминалот на Никола Груевски – се наведува во нивната реакција.

Од таму додаваат дека Груевски бега од слободни, фер и демократски избори и се надева дека на тој начин ќе побегне од правдата, од одговорноста.

Едно треба да е јасно, ништо нема да му помогне на Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста. Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија. СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани. Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата. Слободна, демократска Македонија ја враќа правдата. Нема спас за Груевски и неговото друштво. Секој што го прекршил законот ќе одговара – велат од СДСМ.

Поврзани новости