Вистината за инцидентот: Жал ми е што се крена непотребна фама, на крајот се заврши добро!

by fokus 00:07
00:07

Човекот кој што ,,влета,, со автомобил во толпата демонстранти кои што вечерва се движеа кон владата, не е ниту провокатор, ниту пак контра протестант од ГДОМ, туку загрижен родител од Скопје кој што го носел своето дете на лекар.

Тој замоли за анонимност и ни раскажа за недоразбирањето со толпата народ, а бидејќи во повеќе медиуми беа објавени разни шпекулации околу тоа кој е всушност ,,провокаторот,, за јавноста појасни што точно се случило.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

,,Немав намера никого од луѓето кои што протестираат да повредам, целата ситуација беше само едно недоразбирање кои што многумина го протолкуваа на различен начин. Не сум ниту некој од ГДОМ, ниту пак уфрлен провокатор, туку само родител кој што брзаше на закажаниот преглед за моето дете. Се работи за преглед од доктор специјалист за детска кардиологија кој што доаѓа од Лондон, и морав да бидам на клиника точно во 18.30. Им се јавив во клиниката, се обидов да им објаснам дека не можам да стигнам до ,,Ленинова,, но тие беа незаинтересирани за мојот проблем. Кога се работи за дете, нормално е дека андреналинот расте, па затоа и се случи настанот. Но за среќа, им објаснив на демонстрантите за што станува збор, и 99% од нив имаа разбирање, додека пак само еден или двајца од нив, направија мал проблем. Но на крај, се се заврши како што треба, стигнавме на преглед, жал ми е што непотребно се крена фама околу настанот,, – раскажа скопјанецот за ,,Фокус,,.

Вики Клинчарова

Поврзани новости