Спасовски: Го положивме тестот на демократска зрелост!

by Fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски беше очигледно задоволен од тоа како помина денешниот втор круг на локалните избори во Македонија.

Тој се заблагодари на сите полициски службеници, но и на граѓаните, кои како што рече, биле добри партнери на македонската полиција.

„Граѓаните покажаа дека демократијата е дел од нашите животи. Во текот на целиот изборен процес, граѓаните покажаа што значи партнерски однос со македонската полиција. Навремено пријавуваа на сомнежи за евентуални нарушувања на избирачкото право. До 19 часот се бележи намалување на бројот на пријавени настани во споредба со изборите во јули, 2020 година. МВР ја имаше клучната улога, успешно ги презеде сите активности за овие избори. Го положивме тестот на демократска зрелост и покажавме дека континуирано се развиваме“, истакна Спасовски.

Поврзани новости