Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска ги прими на средба претставниците на 34 кандидати за полициски службеници кои ја поминаа соодветната обука во класата 2015/16, но не се ангажирани во МВР и поради тоа денеска одржаа штрајк пред Министерството.
-Уште еднаш ќе го доставам барањето до Министерството за финансии, а ќе доставам барање и за 54 кандидати од последната обука, кои исто така не се ангажирани. Веднаш штом добиеме согласност од министерот за финансии, ќе бидете ангажирани, рекол министерот Спасовски.
Како што соопшти МВР, Спасовски им соопштил дека целосно стои зад нивните барања и оти ја имаат неговата поддршка за ангажирање во МВР, но, потенцирал, за тоа да се реализира потребна е согласност и од Министерството за финансии.