Богоев ветува мерка за платена работа за студентите

by fokus

Лидерот на подмладокот на СДСМ и пратеник, Стефан Богоев, денеска презентрираше мерка со која студентите за време на студирањето ќе можат да работат во студентските кампуси.

-Студентите ќе можат да работат во студентските ресторани или кафетерии, ќе може да работат на организација на културно-забавни настани, ќе може да работат како водичи на нивните колеги студенти-бруцоши или како асистетни за административни обврски во рамки на студентскиот кампус. Студентите исто така ќе може да работат и во читалните и во библиотеките, објасни Богоев.

Според него, целта на оваа мерка е студентите во текот на нивното студирање да може да заработат пари за да може да си ги намалат своите трошоци на студирање и на живеење, но исто така, целта е и студентите да бидат самостојни а не да зависат само од парите на нивните родители.

Поврзани новости