505
Премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје во 16:30 часот ќе дадат изјава за медиумите во Медија центарот во Владата.
Дел од медиумите туку што објавија неофицијално дека во земјава има потврден прв случај на заболен од коронавирус.
Денеска три лица се пријавиле на Клиниката за инфективни болести со симптоми на грип, на кои им се извршени тестирања за коронавирусот.
Министерот Филипче пред околу два и пол часа информираше дека кај две лица резултатите се негативни, а за едното лице резултатите се очекуваат.