Спасовски: Апелирам на трезвеност и смиреност, залихи на храна и залихи на горива има

by fokus

Техничкиот премиер Оливер Спасовски ги повика граѓаните на трезвеност, смиреност и одговорност откако владата Владата предложи да се прогласи вонредна состојба во цела држава.

– Апелирам до граѓаните на трезвеност, смиреност и одговорност, залихи на храна и залихи на горива има, нормалниот живот се довива, а за мерките коишто ќе ги носиме дополнително ќе информираме, ќе зависи од моменталната состојба, рече Спасовски.

Тој објасни дека во Уставот е предвидено што значи вонредна состојба, односно сите уредби со зконска сила ќе може да се носат на седница на Владата за да може веднаш да се реагира во економијата и да се уредува цел општествен живот. Владата ќе го достави предлогот до Собранието кое моментално е распуштено. Ако Собранието не може да биде свикано, предлогот ќе оди кај претседателот и тој ќе свика вонредна состојба.

Тој порача дека освен владата одговорни за сосојбата во земјата се сите граѓани и ги критикуваше оние кои одат на журки во вили во Соње и Сопиште, но и оние кои и покрај сосотјбата на пандемија во цел свет не ги одложија патувањата и заминаа од земјава.

Поврзани новости