365
Заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, повторно поднесе кривична пријава против министерката, Фросина Ременски, овојпат од името на разрешените директори на центрите за социјална работа и јавните установи.
Со кривичната пријава Ременски се товари за неизвршување на судската одлука на Управен суд кој ги суспендираше нејзините решенија за смена на директорските позиции. Според пријавата на оштетените, по одлуката на Управен суд министерката била обврзана да ги врати разрешените директори на старите места.
Според Ременски пак, не треба да презема правни дејствија по решенијата се до правосилност на пресудата.