Иванов не коментирал уставни одлуки

by Фокус 19:15
19:15

Претседателот на државата нема став за одлуката на Уставниот суд тој да може да помилува осудени за изборни измами, силувачи, педофили и терористи. Од Кабинетот на Ѓорѓе Иванов велат дека претседателот и досега не коментирал одлуки на Уставниот суд.

-Претседателот досега не коментирал ниту иницијативи ниту одлуки на Уставниот суд, е кусиот коментар од Кабинетот на претседателот.

- Advertising -

Без коментар e и поранешниот министер за правда, Михајло Маневски, во чие време беше донесен закон со кој Претседателот на државата  може да помилува единствено по предлог на министерот за правда, односно постапката ја поведува министерот.

Поврзани новости