Спасов: Милошоски отворен како „пупка“, можеби Груевски и Мијалков ја кројат пратеничката листа

by Фокус

Политичкиот аналитичар Ѓорги Спасов на фејсбук ги коментира вчерашните „бомби“, кои покажуваат дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски разговара со екс претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски и уште еден врховен судија, во врска со пресуда поврзана со неговиот татко. Според Спасов, Милошоски секогаш ја злупотребувал неговата функција.

„Ја користеше својата пратеничка функција да го спречи донесувањето на Законот за Јавно обвиителство. Го слушнавме сите како порачува и видовме како се случува по негова наредба лустрација и отстранување од работа на судија во родното му Кичево. Обвинет е од СЈО во предметот “моќник” за влијание врз судството во заштита на криминални интереси. Го слушнавме како бара од судии на Врховен суд и од претседателот на тој суд познат како Јово Превара, да се укине пресуда за која знае дека ако остане на сила „неговите од Кичево“ ќе треба на човекот да му платат 30 илјади евра“, пишува Спасов.

Тој потсетува дека во рамки на проектот „Вистината за Македонија“ се дозна дека Милошоски на телефон со Никола Груевски и Сашо Мијалков нуди зад грбот на јавноста дилови за промена на името.

„Гневен што го фатиле „со спуштени гаќи“, наместо да се засрами и да се повлече од политиката засекогаш, тој се заканува со објавување на нови нелегално прислушувани разговори за Заев. Така тој ќе се борел и изборел за правда. Отворен веќе како „пупка“, ама навикнат на неказнивост за ширење лажни вести и поседување нелегално прислушувани разговори, Антонио „информира“ дека Заев сигурно не ги предал сите „бомби“ добиени од УБК кои ги снимал Мијалков, а не сака ниту да помисли дека први и многу пред тоа сите тие бомби биле и можеби се уште се во сопственост на Груевски и Мијалков кои во моментов ја кројат листата на идни пратеници во неговата партија“, наведува Спасов.

Поврзани новости