Да престанеме да се делиме на проевропски и проруски, на храбри и уплашени, на либерали и популисти, на патриоти и национални предавници, вели поранешниот амбасадор во Бугарија, Ѓорѓи Спасов.
-Јасно и гласно. Францускиот предлог во оваа форма е неприфатлив за нас.Крај на шпекулациите.Вредеше да се размисли. Се размислувало и е донесена одлука. Ај сега да престанеме да се делиме на проевропски и проруски, на храбри и уплашени, на либерали и популисти, на патриоти и национални предавници. Убеден сум дека сите ја сакаме Македонија и посакуваме членство во ЕУ ама некои можат да издржат повеќе а некои помалку национални понижувања и омаловажувања. Едноставно, не е лесно. Сите сме на бродот кој треба да го зачуваме во услови на бура и невреме, напиша тој на Фејсбук.
Според него Ковачевски покажал дека има нерви.
-Ако не држеше во неизвесност за во Брисел да каже што мисли вредеше. Подобро е таму да се јуначиш отколку по дома.
Највожно е дека она што го говореше и ветуваше дома го испорача и пред ЕК во Брисел, пишува Сапасов.