Спасени се три лица чиј чамец денеска бурата го повлекла длабоко во водите на Дојранско езеро

by Fokus

Од ЦУК информираат дека денеска околу 8.30 часот на единствениот телефонски број за итни повици 112 се јавило лице кое со уште две лица се наоѓало во чамец во Дојранското езеро кое било зафатено од силно невреме.

Информациите се дека ветрот и брановите го оддалечувале чамецот далеку од брегот, кон внатрешноста на езерето и покрај обидите на трите лица да воспостават контрола врз чамецот и да се вратат назад, на брегот на езерото.

Операторот ја лоцирал точната локација на која се наоѓал чамецот и веднаш ја препратил во Секторот за операции и координација на ЦУК. Оперативецот од СОК на ЦУК веднаш го известил СВР Струмица кој итно побарал помош од граничната полиција во Дојран (ПС за ГП и ГН Стар Дојран при РЦ за ГР Југ), информираа од ЦУК.

Оттаму велат дека тим на граничната полиција со глисер влегол во бурата и во една драматично спасување проследено со силен ветер и големи бранови, успеал неповредени да ги извлече трите лица кои се наоѓале во голема опасност.

Поврзани новости