349
Група Руси од Сибир допатуваа во Катар за да навиваат за репрезентацијата на Србија на вечерашниот натпревар од 1. Коло во групата Г на Светското првенство против Бразил.
Српските медиуми пренесуваат дека руските навивачи биле забележани во градското метро, носејќи качкети со српски обележја.
Дуелот меѓу Србија и петкратниот светски првак е на програмата вечерва од 20 часот на стадионот „Иконик“ во вториот по големина катарски град Лусаил.
Претходно денеска во рамки на истата групата, Швајцарија го совлада Камерун со 1-0.