422
Дисциплинска постапка за нестручно и несовесно постапување побара Советот за утврдување на факти од Судскиот совет против судиите од Апелација и од Врховен суд кои одлучуваа за притворите на Горан Грујевски и Никола Бошковски. Иницијативата била предложена непосредно пред Судскиот совет да ги изгуби ингеренциите согласно законските измени.
Се бара разрешување на осум судии од Апелација и Врховен. Меѓу нив се актуелниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и претседателката на Апелација, Лилјана Ивановска Шопова.