Тевдовски не очекува поскапувања по зголемувањето на акцизата за дизел

by fokus

Министерот за финансии Драган Тевдовски не очекува зголемувањето на акцизата за дизел горивото што стапи на сила од 1 јануари годинава да предизвика придивижување на цените на останатите продукти повисоки од веќе предвидените од Министерството.

-Министерството за финансии веќе соопшти дека очекувањата за движење на инфлацијата се 1,7 проценти и во нив е вградено и зголемувањето на акцизата. Апсолутно не очекуваме тоа да предизвика придвижување на цените кое ќе биде повисоко од нашето предвидување, рече Тевдовски одговарајки на прашање по заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Тој посочи дека реализацијата на капиталните инвестиции во Буџетот во 2017 година изнесува 19,86 милијарди денари или 83,6 отсто од планираните, што, како што нагласи, претставува историски највисоко ниво и додаде дека во 2016 година капиталните инвестиции изнесувале 16,97 милијарди денари.

– 2018 година ќе биде добра година за македонската економија, бидејќи стабилизацијата на политичката состојба ја враќа довербата на инвеститорите и се очекува силно придвижување на приватните инвестиции, кои што изостануваа во претходниот период, рече Тевдовски.

 

Поврзани новости