Пендаровски: Референдум за името мора да има

by fokus

Националниот координатор на Македонија за НАТО, Стево Пендаровски, вели дека предлогот за име за кој ќе се договорат преговорачките тимови на Македонија и Грција, ќе мора да помине на референдум и дека тоа е заложба на Владата.

-Референдум мора да има на крајот на патот ако претходно добиеме разумен предлог. Се разбира не може секоја глупост во процесот да ја ставите на референдум и да малтретирате дво милионска нација – изјави Пендаровски во интервју за МРТ.

Според него не станува збор за ново референтно име или за привремена референца. За рашавање за спорот очекувањата годинава, додава, се најголеми.

-Секој предлог на Нимиц не се состои како ќе се викате во меѓународни организации, туку има цел сет на употреби што се нарекува лична карта на секоја земја членка во Обединетите нации. Не станува збор за прашање кое ќе се реши со кафе, туку мора да се осмисли целокупен аранжман – рече тој.

 

Поврзани новости