622
Советот на јавни обвинители за денеска, во 16 часот, закажа седница на која точка на дневен ред ќе биде тимот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, дознава „Мета“.
Според извори на Мета, обвинителите на Јанева ќе бидат единствена точка на дневен ред на седницата.
Дали членовите на Советот ќе расправаат за избор на другите седум обвинители од тимот на Јанева или, пак, ќе се бара некое компромисно решение, засега не е извесно.