Македонија на највисоко ниво во Европа по смртност на новороденчиња

by Фокус

Македонија е на највисоко ниво во Европа по смртност на новороденчиња, градови кои се први на листата се Дојран, Берово, Гевгелија и Крушево, излегоа со информации од Платформата за родова еднаквост и Х.Е.Р.А. Тие објавија анализа за состојбите во овој сектор од здравството и дадоа свои препораки за подобрување на ситуацијата.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, стапката на смртност на новороденчиња непосредно по раѓањето е 14,3 отсто што е на највисоко ниво во Европа и тројно повисоко од Европскиот просек кој изнесува 5,2.

– Буџетските средства се намалуваат од година в година или се пренаменуваат за други цели. Понатаму, во голем број општини недостасуваат матични гинеколози и гинеколошки установи, а токму во тие општини стапката на смртност на доенчиња е најголема. Потребно е зголемување на буџетските средства за подобрување на услугите во гинеколошките здравствени установи, како и дополнително финансирање за малите општини. Потребни се стимулативни мерки за гинеколозите со цел да се пополнат работните места во руралните места, како и да се отпочне со кофинансирање на породувањата во приватни здравствени установи – вели Савка Тодоровска од Платформата за родова еднаквост.

Поврзани новости