Советот на обвинители прифати СЈО да отвора нови истраги и по истекот на мандатот

by fokus

Откако Специјалното обвинителство прифати неколку забелешки во однос на извештајот, Советот на јавни обвинители го усвои четвртиот шестмесечен Извештај за работата на СЈО.

Двата државни органи го решија прашањето за предистражаните постапки и по истекот на мандатот на СЈО, за покренување на нови обвиненија. Без разлика на околностите, тимот на Јанева ќе продолжи да отвора нови истраги.

Јанева не одговори дали меѓу 90 предистражни постапки, кои се во тек, се наоѓа и случајот „Монструм“. Претседателот на Советот, Штерјов изјави дека ја поддржува работата на СЈО.

Поврзани новости