Јанша: За победата на Цветомир во Вевчани, и во Словенија ќе отвориме шампањско

by fokus

Никола Груевски на вечерашниот митинг во Вевчани има засилување од поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша кој им се обрати на присутните.

-Знам дека сите вие нестрпливо го очекувате говорот на Никола, затоа дозволете ми да бидам што пократок да ви посакам победа на претстојните избори. Убеден сум дека господинот Цветомир кој што го знаеме во Словенија како добар стопанственик ќе победи и на ден на таа победа и ние во Словенија ќе отвориме шампањско, рече Јанша.

Тој додаде дека е горд што е во Вевчани и дека секогаш сакал да запознава краишта каде што има преубави луѓе.

Поврзани новости