Советот на јавни обвинители достави мислења до Владата за пријавените кандидати

by fokus

Советот на јавни обвинители ги разгледал и до Владата ги доставил мислењата за поднесените пријави на огласот за избор на Јавен обвинител на Република Македонија.

Преку кусо соопштение, Советот соопшти дека се разгледани апликациите на кандидатите кои имале комплетна и уредна документација и за нив се дадени образложенија во писмена форма кои денеска се доставени до Владата на Република Македонија.

На огласот за нов државен јавен обвинител беа пријавени 23 кандидати.

Согласно законот, Владата на седница треба да ги разгледа кандидатурите и мислењата од Советот на јавни обвинители и треба да донесе одлука за еден од кандидатите. Потоа одлуката оди во Собранието како предлог решение, а истовремено се доставува и мислењето на Советот на јавни обвинители. За именување на јавен обвинител Собранието на РМ одлучува со просто мнозинство од 61 глас.

Поврзани новости