Советникот на командантот на украинската армија е убиен додека отворал роденденски подарок

by Fokus

Генадиј Частјаков – советник и близок соработник на врховниот командант на украинската армија Валериј Залужни загина во експлозија на предмет што му бил испратен за роденден.

„Во трагични околности, мојот помошник и близок пријател, мајор Генадиј Частјаков, почина на неговиот роденден“, објави Залужни на Телеграм и додаде:

„Во еден од неговите подароци експлодирала направа од непознато потекло“.

Според Залужни, веднаш била покрената истрага за овој трагичен настан.

Поврзани новости