Советничка во Аеродром за „Фокус“: Камиловски како претседател на Советот не мрдна додека советник од ТМРО сакаше да тепа наш колега

by Fokus

Денешната седница на Советот во општина Аеродром на која се расправаше за референдум за мигрантите помина со жестоки расправи и тензична атмосфера, а за малку ќе дојдеше и до тепачка, раскажуваат за „Фокус“ дел од советниците од СДСМ.

Советничката Љубица Јанчева ни објасни што се случувало на денешната седница, тврдејќи нивниот колега бил нападнат од советник од ТМРО, кој сакал и физички да се пресмета со него.

– Нашиот советник Марко додека зборуваше на говорница, најпрво вербално(од место) беше нападнат од советникот на ТМОРО, Александар Шехтански кој неповикан излезе и отиде на говорница кај Марко со закани и кревање рака во стилот, ќе видиш ти. Претседавачот на Советот Виктор Камиловски не трепна. Од наша страна изреагирав јас, се ставив како жив ѕид меѓу нив двајца пред говорница,  а од нивна страна советникот Сашо, кој го повлече. Претседателот и овој пат не изреагира, ниту мрдна, ниту пак му кажа да се врати на место и да побара збор – тврди Јанчева за „Фокус“.

Советот на Општина Аеродром на денешната седница донесе одлука да се распише референдум во врска со прашањето за населување и интеграција на мигранти на територијата на Општината, а референдумот би се одржал заедно со престојните локални избори на 15 октомври годинава.

И.М.

Поврзани новости