Загина 11-годишно момче во судир меѓу БМВ и трактор

by Fokus

Единаестгодишниот Еркан Асановски од селото Малчиште загина во сообраќајна несреќа која се случила вчеравечер, околу 20 часот на патот за Маркова Сушица.

До несреќата дошло кога автомобил марка „БМВ“ со италијански регистарски удрил во трактор. Автомобилот бил управуван од 39-годишниот Ш.Д, удрил во трактор „ИМТ“, кој бил управуван од 40-годишниот М.Д.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил еден од сопатниците во тракторот 41-годишниот И.Д.

Поврзани новости