Видео: Инцидент на седницата на Советот во Аеродром, советник од ТМРО сакаше да тепа колега од СДСМ

by Fokus

Советот на Општина Аеродром на денешната седница донесе одлука да се распише референдум во врска со прашањето за населување и интеграција на мигранти на територијата на Општината, а референдумот би се одржал заедно со престојните локални избори на 15 октомври годинава

Дискусијата во Советот се водеше во вжештена атмосфера. Во еден момент додека на говорницата беше советникот од СДСМ, Марко Данилоски, неговиот постар колега од ТМРО, Александар Шехтански, се обиде физички да го нападне.

Во еден момент Шехтански се доближи до Данилоски, а атмосферата се обидоа да ја смират другите колеги, кои го тргнаа советникот од ТМРО и не дозволија да се случи инцидент.

Советничката Љубица Јанчева на својот фејсбук профил сподели дека за малку на седницата на Советот можел да и се случи 24 декември, 2012 година, односно црниот понеделник, кога тогаш опозициските пратеници и новинарите беа исфрлени од Собранието.

– Нервоза! Малку фалеше 6 септември да стане 24 декември во Советот на општина Аеродром – напиша Јанчева.

Видео: НоваТВ

Поврзани новости