Совет на ЕУ: Да се спроведе договорот од 2 јуни

by Фокус

Советот на министри на ЕУ денеска водеше дискусија за политичката криза во Македонија и исходот е порака дека ги охрабрува сите страни во Скопје да го спроведат политичкиот договор кој беше постигнат на втори јуни. Официјалното усвојување на заклучоците за земјава министрите ќе го направат утре, пренесува МИА.

-Советот и министрите за надворешни работи ги одобрија заклучоците на Советот кои утре ќе се усвојат на Советот за општи работи, при што ги охрабривме сите страни во Скопје да го имплементираат политичкиот договор што е постигнат на 2 јуни, изјави Федерика Могерини, висок претставник за надворешна политика на Европската унија.

Таа додаде дека посебно треба да се работи на спроведување  на реформите, предвремените избори и транзицицијата за да се врати верата и довербата во институциите од сите луѓе во земјата.

Поврзани новости