Камбовски: Улогата на МАНУ е да создаде клима за решенија

by Фокус

Претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски улогата на Академијата во политичката криза ја гледа во тоа таа да создаде клима на толеранција и дијалог, а не да нуди конкретни решенија. Тој смета дека македонската криза влегува во фаза на разрешница, по што може да се очекува стабилизација.

-На нашето општество очигледно му е потребен еден Коперникански пресврт, еден квалитативен  скок напред. Јас се надевам дека сите фактори кои учествуваат во овие разговори, имаат таков интерес, таква цел и ќе направат се ние како општество да го направиме тој чекор, изјави претседателот на МАНУ.

Камбовски најавува директно влучување на академиците во постигнувањето на договор, со тоа што тие ќе спроведуваат научни расправи и анализи за изборниот и правниот систем.

Поврзани новости