Совет на амбасадори: Анектирањето на украинските области е кршење на меѓународното право

by Fokus

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на амбасадори“ денеска преку соопштение го осуди чинот на анектирање на украинските области Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон од страна на Русија и побара таа да ги повлече нејзините војници од окупираните територии.

-Совет на амбасадори смета дека овој чин претставува кршење на меѓународното право и е директна закана за светскиот мир, се вели во соопштението.

Советот на амбасадори, како што се додава, ги осудува и заканите на Владимир Путин за употреба на нуклеарнoто оружје и смета дека меѓународната заедница и Обединетите Нации недоволно реагираат на овие закани кои доколку се реализираат ќе можат да уништат дел од стратешките цели.

 

Поврзани новости