Пендаровски: Мојот пријател евроамбасадорот Гир секогаш ми вели дали може да намалам со таа критика кон ЕУ

by Fokus

Секогаш кога излегувам на јавни настапи и зборувам на темата Европска Унија, мојот пријател евроамбасадорот Дејвид Гир секогаш ми вели дали може да намалам со таа критика кон ЕУ, рече претседателот Стево Пендаровски во Топ Тема на Телма

-Јас му велам тоа не е критика, туку реалност. Тоа е реален опис на состојбите. Во спротивност, ако јас грешам, зошто тогаш таа поддршка кон ЕУ  опаднала за 25% во еден релативно краток временски период, рече Пендаровски.

Тој додаде дека и тој како и граѓаните е преморен од европските реторики и ветувања кои траат со години, а земјата стои во чекалницата и постојано остануваме заглавени во бирократски процедури.

-Сепак и ЕУ не е совршена, постојат недостатоци, но сепак е корисно да се биде дел од ова семејство бидејќи еве на пример во вакви сериозни кризи вие сте дел од заедница и кризата се поминува полесно, додаде тој.

Претседателот смета дека одговорот на прашањето за опаѓањето на поддршката во земјата, треба да се бара од неколку големи градови во Европа.

Поврзани новости