Состојбата се подобрува, но нема олабавување на мерките, вели Филипче

by fokus

Првите 5850 дози вакцини од „Фајзер“ ќе ги има во февруари, во март треба да стигнат уште 17 550 и најмалку уште толку во април. Се чека датум кога ќе стигнат и 833-те илјади дози преку Ковакс-механизмот, а покрај Бугарија, Полска и Грција, и Австрија е подготвена да одвои за нашата земја од вакцините набавени за нејзините граѓани, преку третиот – солидарен механизам на земјите од ЕУ кои отстапуваат вакцини за земјите кои се надвор од Унијата.

Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче во гостување во Дневникот на ТВ Канал5.

Во врска со „ивермектин“, кој некои граѓани го набавуваат од Грција, рече дека не е магичен лек, кај нас ќе се употребува кога ќе завршат административните процедури во Агенција за лекови и апелираше никој да не го купува, ниту да го зема на своја рака, туку само по индикација на лекарите зашто болеста КОВИД-19 е непредвидлива и има различни форми.

Ситуацијата со заразата во земјава се подобрува, но се уште е рано, рече министерот, дека таа дефиннитивно спласнува. Трендот на помалку заразени се должи на почитување на мерките за што придонеле самите граѓани – затворените угостителски објекти, носењето заштитни маски и избеганатите големи собири.

– Но се уште е рано да кажеме дека дефинитивно епидемијата спласнува и дека треба да ги олабавиме мерките. Далеку сме од тоа. Се уште е во сила апелот да се почитуваат мерките, зашто ако го спуштиме гардот може да имаме нов пик, истакна министерот за здравство.

Поврзани новости