Заев: Ќе се вакцинирам, но без да ги кршам протоколите

by fokus

Секако дека ќе се вакцинирам, но без да ги кршам протоколите, да не бидам пред медицинските работници, пензионерите и хронично болните, рече премиерот, Зоран Заев во вестите на Сител.

-Јас ќе го дадам примерот и ќе се вакцинирам за да испратам порака дека таа е здрава, безбедна. И сега ја користам приликата да апелирам до сите граѓани, дека според светските експерти таа е исправна и треба сите да ја примиме, освен за оние групи за кои лекарите ќе го исклучат тоа, рече Заев.

Тој најави дека државата заедно со медиумските работници ќе развие стратегија за преку јавна кампања за подигање на свеста кај граѓаните да се доближат до населението сите важни информации во врска со вакцинацијата за да биде што помасовна.

Поврзани новости