Здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт Фицo е стабилна, но сепак сериозна, изјави словачкиот министер за здравство.
Вицепремиерот на Словачка изјави дека е малку веројатно премиерот Фицo да биде префрлен во Братислава од мала градска болница недалеку од местото каде што во средата беше застрелан од непосредна близина.
Вицепремиерот Роберт Калинак на новинарите пред болницата во која се лекува Фицо изјави дека нема потреба формално да ги преземе службените должности на Фицо и дека е остварена одредена комуникација со премиерот.
Фицо во петокот беше опериран два часа, што ги зголемува надежите за негово закрепнување.
Нападот врз словачкиот премиер ја шокираше и ја потресе цела Европа и предизвика загриженост поради поларизираната политичка ситуација во земјата во која живеат 5,4 милиони жители.
Словачката полиција го идентификува извршителот на атентатот, се работи за 71-годишниот Јурај Цинтула. Локалните медиуми објавија дека тој бил поранешен чувар кој работел во трговски центар и автор на три збирки поезија.
Осомничениот за нападот на словачкиот премиер во саботата пред судот ја призна вината.
Како што пренесуваат словачките медиуми, Цинтула во текот на денот бил донесен во Специјализираниот кривичен суд во Пежинок, со посебни безбедносни мерки, а ниту новинарите ниту јавноста не можеле да влезат во судските простории.