Сослушување во Конгресот: Демократите и републиканците во клинч околу импичменот на Трамп

by fokus

Правните советници на демократите и републиканците денеска презентираат докази пред одборите за правосудство и за разузнавање при Претставничкиот дом, а има најави можното гласање за импичмент на претседателот Доналд Трамп да се случи до крајот на неделава.

На сослушувањето, кое во моментов се уште трае, во меѓусебно испрашување меѓудругите учествуваат истакнатиот републикански конгресмен од Џорџија, Даг Колинс, советникот на републиканците, Стивен Кастор, главниот истражител на демократоте, Даниел Голдман, кој е поранашен обвинител на Њујорк, и претседавачот со Одборт за разузнавање, Џеролд Надлер.

Надлер за изјави за Си Ен Ен дека Трамп би бил прогласен за виновен во рок од три минути доколку против него се водело кривична постапка во суд за злуопотреба на службената положба, поради барањето од Украина да отвори истрага против Џо Бајден, негов политички ривал на изборите идната година.

Надлер рече дека ако Трамп имал каков било јасен доказ тогаш тој би го пријавил, отколку да одбива да учествува во истрагата. Засега не е јасно по колку точки ќе се заснова постапката за импичмент. Надлер нагласи дека е можно Одборот за правосудство да гласа до крајот на оваа недела.

Претседателот Трамп повеќепати досега истакна дека процесот за негово отповикување е „лов на вештерки“.

На сослушувањето денеска демократте го обвинија претседателот за „дрските“ дела, додека републиканците рекоа дека процесот е „нефер“.

Поврзани новости