Нема знаци на живот по ерупцијата на вулканот на остров на Нов Зеланд

by fokus

Полицијата утврди синоќа, полицискиот хеликоптер орел, хеликоптерот за спасување и авионите на армијата извршија голем број на воздушни извидувачки летови преку островот по ерупцијата. Никакви знаци на живот не биле забележани , соопшти премиерката Џасинда Ардерн, по ерупцијата на вулканот на Белиот остров на Нов Зеланд.

На островот вчера биле вкупно 47 лица. „Можеме да потврдиме дека пет починаа, 31 се во болница, други 8 се се уште исчезнати, а тројца се отпуштени од болница во текот на ноќта“, соопштуваат од полицијата.

Осуммината исчезнати се туристи од САД, Велика Британија и Кина. Сега останува спасувачките екипи да се обидат да стапнат на островот, за да ги извлечат исчезнатите, но спасувачките служби не можат да стигнат до Белиот Остров од безбедносни причини.

Туристичката посета на вулканскиот кратер на осторовот Вајт Ајленд во Нов Зеланд заврши трагично за неколку групи туристи. Во моментот кога туристите се наоѓале во близина на кратерот, вулканот еруптирал – исфрлил врела пареа, карпи, и отровни гасови.

Поврзани новости