Сореца: Ве молам не се откажувајте, еден ден ќе станете членки на ЕУ

by fokus

Амбасадорот на делегацијата на Европската Унија во Албанија, Луиџи Сореца, реагираше по негативната одлука за отворање на преговори за Албанија и Северна Македонија со ЕУ.

Преку пост на Твитер, Сореца ги повикува двете земји да не се откажуваат од преговорите бидејќи ќе дојде денот кога ќе станат членки на ЕУ.

– Северна Македонија и Албанија не се виновни за ова… Денес би сакал да испратам порака до нашите пријатели: Ве молам, не се откажувајте… Јас апсолутно не се сомневам дека еден ден ќе станете полноправени членки на ЕУ, пишува Сореца.

Поврзани новости