Сопружници од Дебар позитивни на коронавирусот

by fokus

Министерството за здравство информира дека денеска во попладневните часови, на коронавирус се тестирани двајца нови пациенти и нивните резултати се позитивни на вирусот.

-Според информацијата која ја имаме во моментов, станува збор за сопружници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Од Министерството додаваат дека ги собираат деталите за пациентите.

Поврзани новости