Сопругот ја нападнал со тврд предмет, пријавила во полиција

by fokus

Жена од Скопје пријавила дека завчера сопругот ја нападнал со тврд предмет во нивниот дом.

-На 29.09.2023 во 16.00 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена пријавила дека на 28.09.2023 околу 21.00 часот, во домот на подрачјето на Бит Пазар, била физички нападната од нејзиниот сопруг В.Ф.(26) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости