534
Kазна за погрешно паркирање добила сопругата на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, тврди тој во видео-прилог за ТВ21.
Според општината, СВР Куманово во соработка со ЈП Паркинзи, и пајак – службата се обидуваат да ги ослободат тротоарите од непрописно паркирани автомобили. Пајак службата во овој град дневно во просек крева околу 20 автомобили. Од Управата на Паркинзи велат дека во моментов во Куманово има околу 500 паркинг места, но предвидено е да се постават и неколку привремени катни гаражи.