Лиса Баута Шаќири, правник и сопруга на популарниот музичар Бени Шаќири реагираше на својот Фејсбук профил, откако албанската пратеничка Месила Дода се најде во центарот на вниманието со своите изјави дека Македонија е стара албанска покраина и се вика Илирида.
„Да ја потсетам госпоѓата Дода дека во Македонија никој не гласал за неа и затоа нема право да зборува во име на Албанците во Македонија!
Исто така, сакам да ја известам дека ние веќе одамна сме одлучиле каква држава сакаме, и дека нејзината реторика е страшно дебилна, поготово во време на политичка и меѓуетничка криза.
Ја повикувам јавно да се извини за овој дипломатски скандал! Јас се оградувам од нејзината изјава и очекувам истото да го направат и сите лидери на албанските партии во Македонија“ – порача Лиса.
Вики Клинчарова