СДСМ ја повика ВМРО – ДПМНЕ да ја поддржи програмата на новата влада, наместо да шири омраза и нетрпеливост

by fokus

Aко ВМРО-ДПМНЕ сака унитарна и суверена Република Македонија и се грижи за потребите на граѓаните, треба веднаш отворено да ја поддржи Програмата на новата реформска Влада, да прифати дека е опозиција и да овозможи мирен трансфер на власта, порачува СДСМ.

„И за домашната и за меѓународната јавност е јасно дека ова што го прават Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, поттикнувањето поделби меѓу граѓаните, омраза и нетрпеливост, има за цел само заштита на криминално стекнатото богатство и обид за бегство од одговорност.
За колку несериозни политичари станува збор, кои не мислат на своите граѓани, покажува однесувањето на Ѓорге Иванов, за кого државен приоритет не е формирањето Влада, туку неговите прошетки по Азербејџан, Унгарија и Австралија. Од денеска и Емил Димитриев кој извршува функција технички премиер, не е во државата. Во услови кога нема нова Влада, Собранието нема претседател, а Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се ориентирани кон сценарија на конфликтност, ова е крајно ризично и бара итно отрезнување на креаторите на кризата и многу брза разврска на политичката криза“, се вели во соопштението на СДСМ.

Социјалдемократскиот сојуз порачува институциите веднаш да се формираат и државата да профункционира според мнозинска волја на граѓаните.

„Република Македонија мора да ја добие и ќе ја добие новата Влада којашто ќе ја гарантира стабилноста, безбедноста и добрата иднина на граѓаните и на државата“, додава СДСМ.

Поврзани новости