Утрово тензична атмосфера во прилепската гимназија

by fokus

Тензична атмосфера и утрово имаше во гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, пренесува порталот НОВА ТВ. Ученици од ова училиште до порталот испратиле видеа на кои што се гледа како група ученици, за кои велат дека се од друго средно училиште, влегле во гимназијата и ги повикувале да излезат на протест.

Учениците се од индустриското училиште во Прилеп и побарале поддршка од нивните соученици од гимназијата за поголема масовност, бидејќи на протестите немало многу од нив.

НОВАТВ го побара директорот, Кире Николоски, за да објасни како дозволува ученици од други училишта да го окупираат школото и да ја спречуваат наставата, но тој не одговори на нашите повици.

Поврзани новости